РАБОТИЛНИЦА СО ЛЕА МИСИУС – РЕЖИСЕРКА НА ФИЛМОТ „АВА“, ФАНИ ИВОНЕ - ПРОДУЦЕНТКА НА ФИЛМОТ „АВА“ И КРИСТОФ РЕЖИН – РЕЖИСЕР НА ФИЛМОТ „ СКРИШНО “

На ЕСРА се одржа работилница на која посетителите, главно млади автори и студенти имаа можност да слушнат од француските режисери како се пишува, режира и продуцира прв игран филм.

Претходно гостите на фестивалот од Франција: Леа Мисиус, режисерка на филмот „Ава“, Фани Ивоне, продуцентка, Кристоф Режин, режисер на филмот „Скришно“ и селекторот Навид Сарем имаа можност да ја разгледаат историската филмска поставка во Кинотеката на Македонија.