РАБОТИЛНИЦА „УМЕШНОСТА НА ДОБРИОТ ПИЧИНГ: ПОДГОТОВКА И ПРАКСА“

 

Како дел од 22 издание на Скопје филм фестивал во тек е работилницата „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“, која во организација на Креативна Европа МЕДИА Деск МК и во соработка со Агенцијата за филм се одржува во рамки на фестивалот.

Интензивната тренинг програма која привлече многу посетители во Клубот на пратеници е предводена од Брајан Мекгил, шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и наградуваната серија „Taggart“. Мекгил работи како скрипт доктор, бил тутор за пичинзи на програмата ENGAGE – поддржана од Креативна Европа МЕДИА и читач на сценарија во Ирскиот филмски совет. Во својата кариера Брајан Мекгил има добиено награда од Сер Шон Конери, соработувал со продуцентите на филмот Seven и предава сценарио и пичинг на Screen Academy Schotland, Örebro University, Шведска и European Film College – Данска.

На првиот дел од работилницата присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Целта на оваа тренинг програма е да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат својот проект и да се стекнат со конкретни вештини и знаења за овој специфичен дел од продукцијата на еден филм.