РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КВИР КИНЕМАТОГРАФИЈАТА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЗА ЗАСРАМЕНИТЕ ГЕЈ МАЖИ“ (ЕНДРУ ХОЏС И ДЕЈВИД ХАТЕР)

РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КВИР КИНЕМАТОГРАФИЈАТА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЗА ЗАСРАМЕНИТЕ ГЕЈ МАЖИ“ (ЕНДРУ ХОЏС И ДЕЈВИД ХАТЕР)

Во киното Фросина се одржа дискусијата на тема „Размислувања за квир кинематографијата“.

Жоао Флоренсио (Универзитет Екситер) и Станимир Панајотов (Централноевропски универзитет, Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје) ја запознаа публиката со кусата, но моќна историја на квир филмот.

„Не сакаме на оваа тема да ѝ пристапиме на типичен историографски начин, туку да анализираме одредени теми во рамки на промените и развојот што го доживеа квир кинематографијата“, рече Панајотв.

Од претставувањето на геј луѓето во филмовите како криминалци до нормализацијата на квир културата, предавачите, низ парадигматичните примери на развојот на квир филмот ги анализираа делата на легендарните независни режисери и сценаристи, како Жене, и Џарман преку Грег Араки и новата квир кинематографија, сè до Брус Лабрус, како и поновите документарци за кризата со сида и историите на сеќавање, и улогата на порното во современиот квир филм.

Селкторот на Програмата Квир фокус, Александар Ковачевски го промовираше македонскиот превод на книгата „За засрамените геј мажи“ од Ендру Хоџс и Дејвид Хатер.
„Кога ги побаравме авторските права, авторите ни рекоа дека со задoвoлство ни ги отстапуваат со надеж дека нам нема да ни потребни 30 години за да стигнат таму каде што се, ни посакаа да напредуваме со поголема брзина отколку британското општество“, рече Ковачевски.