baner
lentaprogramgallerycompetitionsponsorsdownloadcontact

 

vesti
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал

____________________________

Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија

____________________________

Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств

linija  


Главна програма | Special screening | Програма на авторски филм |
Short films | Музички документарни филмови | Ретроспектива | Настани

AUTOR PROGRAM /
ПРОГРАМА НА АВТОРСКИ ФИЛМ


LEBANON / ЛИБАН (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Самуел Маоз
Улоги: Јоав Донат, Итај Тиран, Ошри Коен
Земја: Израел, Времетраење: 94 мин.
Фестивали: Venice Film Festival, Won Golden Lionлибан

Добитник на главната награда на филмскиот фестивал во Венеција 2009, воената драма “Либан” е уште еден израелски филм во последниве неколку години што се занимава со преиспитување на милитаристичката политика на оваа држава, но и со соочување со злосторствата направени во текот на повеќедецениските војни со околните држави. Целото дејство се одвива во тенк во кој има четири млади војници кои ќе заталкаат длабоко во непријателската територија. Четворицата војници поминуваат низ пекол соочувајќи се со вечното прашање: “Да убиеш или да дозволиш да те убијат?” Се што гледаме низ нивниот телескоп се слики на смрт и страдање, што додатно го зголемува чувството на клаустрофобија какво не сме имале можност да видиме уште од култниот филм “Подморница” на Волфанг Петерсен.
____________________________________________________________________________

WHITE LIGHTNIN’ / БЕЛА МОЛЊА (2008) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Доменик Марфи
Улоги: Едвард Хог, Кери Фишер, Овен Кембел
Земја: Велика Британија, Времетраење: 84 мин.
Фестивали: Dinard British Film Festival, Won Golden Hitchcockмолња

Екстремно моќен и комплексен дебитантски филм на британецот Доминик Марфи за култниот степ танчер и бунтовник Џеско Вајт, херојот на т.н. “бело ѓубре”од Западна Вирџинија. Џеско го минува детството вдишувајќи бензин што го доведува во поправен центар за малолетни деликвенти. Живејќи во налудничаво опкружување помеѓу фанатичната верска моралност на американскиот југ и сиромаштијата, евтиниот алкохол, кафеанското насилство и дрогата, Џеско ја губи реалноста. Снимен во црно-бела техника, динамичен, со брзи кадри, брилијантна музика и извонредна изведба на Едвард Хог во главната, улога филмот никого не го остава рамнодушен.
____________________________________________________________________________

BURROWING – ПРИКРИВАЊЕ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Хенрик Хелстром, Фредрик Вензел
Улоги: Себастијан Еклунд, Јорген Свенсон
Земја: Шведска, Времетраење: 76 мин.прикривање

Дебитантски филм на режисерите Х. Хелстром и Ф. Вензел чие дејство е сместено во шведското предградие, се развива како мозаик, често потпирајќи се на амбиентот и на сугестијата. Ги разработува темите за осаменост, контемплација, социјална неадаптирансот, сето тоа прикажано низ очите на 11-год.Себастијан, наратор во филмот. Предградието можеби не изгледа како место од каде што би можеле лесно да ги сфатите овие идеи, но режисерите преку неколку локални ликови, а најмногу преку момчето успеваат да креираат една темна слика на индивидуата во модерното општество. Неконвенционално снимен и визуелно прекрасен филм. Споредбите со стилот и сентиментот на “Гумо” на Хармони Корин и карикатуралниот приказ на шведската култура во филмовите на Рој Андерсон се неизбежни, но “Прикривање”е навистина уникатен филм.
____________________________________________________________________________

ALTIPLANO / АЛТИПЛАНО (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Питер Бросенс, Џесика Хоуп Вудворт
Улоги: Магали Солиер, Оливер Гурмет
Земја: Белгија-Германија, Времетраење: 109 мин.
Фестивали: Ghent International Film Festival, Nominated for Grand Prixалтиплано

Филмот е сместен во перуанските Анди и претставува прекрасно стилизирана сторија за локалното население кое се бори против една рударска компанија која кај луѓето има предизвикано серија на ретки болести. Белгискиот доктор Макс работи во рурална болница во Перу додека неговата жена Грејс се опoравува од мисијата како фотограф во Ирак. Чудна болест се шири низ градот и идната невеста Сатурнина (Мегали Солиер) се наоѓа на чело на битката со рударската компанија. Режисерите Питер Бросенс и Џесика Вудворт ја сместуваат драмата во ликовите на двете жени од различните страни на светот и лирично ги преработуваат темите на загуба и тага. Филмот е фасцинантно, потресно и визуелно необично дело. Ликовите се фино извајани така што потсетуваат на сликите на Вермер. Несекојдневно визуелно доживување.
____________________________________________________________________________

ALL THAT I LOVE / СЕ ШТО САКАМ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Јачек Борчух
Улоги: Олга Фриц, Матеус Косциукиевич, Јакуб Герзал
Земја: Полска, Времетраење: 95 мин.
Фестивали: Sundance Film Festival, Grand Jury Prizeсе што сакам

Филмот е приказна за едно момче и за неговото семејство и пријатели, сместен во раните 80-те години во Полска. Светот го гледаме преку очите на Јанек, во позадината се протести, штрајкови, наметнувањето на воениот режим, а во преден план е желбата за живот, уживањето, музиката, сексот, првата љубов. Неминовен е судирот меѓу идеалистичкиот свет на младите и мачниот свет на возрасните. Јанек ќе мора да се соочи со животот, да се бори за девојката, за семејството, за иднината. Визуелната страна на филмот и музиката ја креираат илузијата на тоа време. Камерата ги следи ликовите и нивните чувства од блиска перспектива. Поставувањето на сцените и музиката - панк рок полски хитови - ја реконструираат специфичната атмосфера од пред триесетина години и му овозможуваат на современиот гледач да го разбере светот и луѓето од минатото.
____________________________________________________________________________

HADEWIJCH / ХАДЕВИЧ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Бруно Думонт
Улоги: Џули Соколовски, Јасмин Салиме
Земја: Франција, Времетраење: 120 мин.хадје

Бруно Демонт никогаш не се плашел да ги истражува екстремите на човечкото однесување, дали преку аналитичка студија на убиството во филмот “Хуманост “или преку темната страна на сексуалната страст во “29 палми”. Неговиот величествен нов филм “Хадевич”, на почеток изгледа како портрет на една многу религиозна млада девојка која му е предадена на Исус и на христијанските вредности. Но, во рацете на Думонт, оваа целосна посветеност постепено се претвора во нешто сосема друго. Селин не е само студент по теологија, таа е верник со фанатична посветеност. Го запознава Назир, кој е фундаментален верник во својата религија и тука почнува драмата. Во рацете на Думонт, “Хадевич” прераснува во една хипнотичка студија на можностите и последиците што произлегуваат од апсолутната вера во Бог. Кога Назир и Селин откриваат дека имаат доволно заеднички нешта, иако таа е христијанка, а тој муслиман, дејството поприма една фасцинантна динамика.
____________________________________________________________________________


 

b1

b2

b3

b4

b5

Ministerstvo

grad skopje

медиуми
sff