baner
lentaprogramgallerycompetitionsponsorsdownloadcontact

 

vesti
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал

____________________________

Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија

____________________________

Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств

linija  


Главна програма | Special screening | Програма на авторски филм |
Short films | Музички документарни филмови | Ретроспектива | Настани

MAIN PROGRAM / ГЛАВНА ПРОГРАМА

ANTICHRIST / АНТИХРИСТ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Ларс фон Трир
Улоги: Вилијам Дeфо, Шарлота Генсбур
Земја: Данска, Времетраење: 104 мин.
Фестивали: Cannes Film Festival, Nominated for Golden Palmантихрист

После смртта на свото дете, брачната двојка скршена од тага заминува во својата викендичка, иронично наречена “Рај” со надеж дека таму ќе се справат со својата болка и нарушениот брак. Нивниот однос и разговори полека се претвораат во експериментална студија за суштината на женското битие. Нивното бегство од реалноста е исполнето со налети на љубов, омраза, страст и насилство додека се обидуваат да се справат со чувството на изгубеност, болка и вина. Прикажан низ четири поглавја, пролог и епилог, филмот ни дава детали за страствената свирепост додека мажот и жената ја откриваат мрачната страна на природата околу себе и во себе.
____________________________________________________________________________

LIFE DURING WARTIME / ЖИВОТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Тод Солонц
Улоги: Киран Хајндс, Ширли Хендерсон, Алисон Џејни
Земја: САД, Времетраење: 96 мин.
Фестивали: Venice Film Festival, Won Golden Osellaживот

Најзначајниот претставник (покрај Џон Дал) на американската т.н. независна продукција во деведесетите, по 5 години апстиненција се враќа со ликови и тематика во која најдобро се снаоѓа . Овој филм е директно продолжение на неговиот најуспешен филм “Среќа”. Бизарно-комичен приказ на обични луѓе кои се соочуваат со сопствените изопачености, сексуални перверзии, фрустрации, депресија, но пред се со чувството на тага и осаменост. Солонц овој пат ги отвара и прашањата за простување и покајание. Не изостанува ни изобилство на генијални дијалози и хистерично комични ситуации. Војна од насловот на филмот не се однесува за конкретен воен судир, туку служи како метафора за константната состојба на човековата душа.
____________________________________________________________________________

A SERIOUS MAN / СЕРИОЗЕН ЧОВЕК (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Итан Коен, Џоел Коен
Улоги: Мајкл Стулбарг, Ричард Кинд, Сари Леник
Земја: САД, Времетраење: 105 мин.
Фестивали: Academy Awards, Nominated for Best Motion Pictureсериозен

Филмот е сместен во стерилно-конзервативна атмосфера на американското предградие од 50-те год, конкрeтно во нејзиниот еврејски дел. Сериозниот човeк од насловот е Лери Готник, професор по физика. Жената го остава бидејќи се вљубила во неговиот пријател, децата не го почитуваат, студентите во исто време го подмитуваат и го уценуваат, првите соседи му се милитантни конзервативци од едната страна и богата распуштеница од другата страна . Колку и да сака , никој не го сфаќа сериозно а тој самиот нема поим каде толку згрешил штом работите толку брутално излегле од контрола. Се обраќа за помош кај тројца рабини, што отвара откачено - интересен и духовит , во најдобра смисла на тој збор – коеновски развој на настаните, се до самиот крај кој е подеднакво впечатлив. Филмот има сериозен потенцијал да се приближи до најдобрите дела на браќата Коен - “Големиот Лебовски”, “Фарго”, “Човекот што не беше таму”.
____________________________________________________________________________

THE LIMITS OF CONTROL / ГРАНИЦИ НА КОНТРОЛАТА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Џим Џармуш
Улоги: Исак де Банкол, Алекс Дескас, Оскар Џаенада
Земја: САД-Јапонија, Времетраење: 116 мин.граници

Последниот храбар и бизарен филм на Џим Џармуш (снимател Крис Дојл) ја зема рамката на филмот за еден платен убиец и низ тематски варијации на структурата, го претвора во приказна за перверзноста на моќта и за моќта на имагинацијата. Исак де Банкол е идеален актер за еден молчалив и осамен агент кој е пратен во Шпанија, каде што се среќава со најразлични ексцентрици (Тилда Свинтон, Џон Харт,Гаел Гарсиа Бернал ) и тоа на крај го води во смртоносна мисија. Деликатниот хумор на Џармуш ја разубавува сторијата со филмски клишеа, додека живописната нарација, попратена со книжевни, уметнички, музички и кинематографски алузии кои се движат од кубизмот до Каурисмаки и Шуберт, на секој начин ги поврзува субјектите и полека но сигурно ја отсликува својата цел. Филмот на многу самостоен и суптилен начин ја рефлектира фасцинантноста на имагинативната слобода и врската помеѓу животот и уметноста.
____________________________________________________________________________

BAD LIEUTENANT: PORT OF CALL NEW ORLEANS /
ЛОШИОТ ПОРУЧНИК: ЊУ ОРЛЕАНС (2009)
>>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Вернер Херцог
Улоги: Николас Кејџ, Ева Мендез, Вал Килмер, Џенифер Кулиџ
Земја: САД, Времетраење: 121 мин.
Фестивали: Venice Film Festival, Nominated for Golden Lionлош

Николас Кејџ во улога на одликуван полицаец и зависник од кокаин, талка по урнатините на Њу Орлеанс после ураганот Катрина и се обидува да дели правда на начин за кој тој смета дека е исправен. Римејк на истоимениот филм на Абел Ферара од 1992 г, она што го одвојува од оригиналот е претераноста во сите детали на филмот. Поради тоа филмот лесно го вовлекува гледачот во светот на лудилото со кое се соочува главниот лик. Оваа крими-драма ја следи мрачна атмосфера на насилство и неморал, но има и голема доза на црн хумор. Филмот е истовремено тажен и манијакално комичен. Самиот режисер, Херцог, вели дека публиката никогаш толку не се смеела на неговите филмови.
____________________________________________________________________________

BROTHERS / БРАЌА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Џим Шеридан
Улоги: Натали Портман, Џејк Џиленхал, Тоби Мегвајер
Земја: САД, Времетраење: 110 мин.
Фестивали: Golden Globes, Nominated for Golden Globeбраќа

Сем има се под контрола, успешна воена кариера, прекрасна жена и две деца. Неговиот помлад брат Том не сака обврски и живее на работ на законот. Кога Сем ќе замине во Авганистан, балансот помеѓу двајцата браќа засекогаш ќе се измени. Сем исчезнува во воена акција, се претпоставува дека е мртов. Том , наспроти сите очекувања покажува дека е способен да превземе одговорност за себе и за семејството. Се зближува со сопругата на Сем при што и двајцата почнува да ги мачи чувството на вина. Драматичните случувања и промени ги менуваат семејните улоги и односи во семејството што е главната тема на новиот филм на култниот и наградуван режисер Џим Шеридан.
____________________________________________________________________________

BAARÌA / БАРИА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Џузепе Торнаторе
Улоги: Франческо Шана, Маргарет Маде, Никол Гримаудо
Земја: Италија, Времетраење: 163 мин.
Фестивали: Golden Globes, Nominated for Golden Globeбариа

Еден од најскапите филмови на сите времиња во Италија и филм кој го отвори филмскиот фестивал во Венеција, од режисерот на филмот “Кино Парадизо” и “Малена”, Џузепе Торнаторе. Бариа претставува романтична и возбудлива животна приказна за три генерации на едно сицилијанско семејство, но и приказна за селото и животот во мало место во кое секој ги гледа исклучиво туѓите работи. Филмот истовремено е и забавна и меланхолична приказна за еден век од италијанската историја, светските војни и случувањата на политичката сцена. Во малата Бариа животот може да биде едноставен или сложен, полн со хумор или тага, но никогаш досаден. Во неа се огледуваат сите страдања и надежи на една нација низ страста кон политиката, љубовта, пријателството и предавството.
____________________________________________________________________________

THE DUST OF TIME / ПРАВОТ НА ВРЕМЕТО (2008) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Теодорос Ангелопулос
Улоги: Вилијам Дефо, Бруно Ганѕ, Мишел Пиколи
Земја: Грција-Италија, Времетраење: 125 мин.прав

Американски филмски режисер со грчко потекло се враќа во римските студија за да продолжи со снимањето на филмот кое го прекинал заради непознати причини. Филмот е сторија за големата љубов на неговата мајка: двајцата мажи што ги сакала и ја сакале се до крајот на животот. Ликовите во филмот се движат како во сон, се губат меѓусебно и повторно се пронаоѓаат, патувајќи низ просторот и времето на големите настани од втората половина на дваесеттиот век сместени во Сибир, Северен Казахстан, Италија, Германија и Америка. Филмот се навраќа на смртта на Сталин, скандалот Вотергејт, Виетнамската Војна, падот на Берлинскиот Ѕид, па се до новата ера на драматичното исполнување на сонот за подобар свет на преминот во новиот век. Истовремено, филмот е едно долго патување во историјата и настаните кои оставија свој печат на дваесеттиот век.
____________________________________________________________________________

I, DON GIOVANNI / ЈАС, ДОН ЏОВАНИ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Карлос Саура
Улоги: Лоренцо Балдучи, Лино Џуанцијале, Емилија Вергинели
Земја: Италија-Шпанија, Времетраење: 127 мин.јас

Светот на Моцарт е прекрасно доловен во оваа елегантна и на моменти забавна сторија околу креирањето на една од неговите најдобри опери, “Дон Џовани”. Режисерот го преиспитува креативното потекло на делото на Моцарт, и се впушта во приказната зад сцената која е полна со драма и со ексцеси во самата опера. Тука има љубов и секако, љубомора во комбинација со сплетките на Дивите, кралските композитори, верните сопруги и етеричната младост. Во центарот на сижето не е големиот композитор, туку неговиот подзаборавен либретист, кој го користи овој сиров материјал како уметничка инспирација. Благодарение на одличната фотографија на големиот италијански кинематограф Виторио Стораро (Апокалипса денес, Последниот император) заживуваат Венеција и Виена од времето на Моцарт.
____________________________________________________________________________

 

b1

b2

b3

b4

b5

Ministerstvo

grad skopje

медиуми
sff