
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал
____________________________
Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија
____________________________
Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств |
 |
|
Главна програма | Special screening | Програма на авторски филм |
Short films | Музички документарни филмови | Ретроспектива | Настани
MUSIC DOCUMENTARIES /
МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ
RADIO APOKALIPTIKO / РАДИО АПОКАЛИПТИКО (2008)
Режија: Марко Цвејиќ
Земја: Словенија, Времетраење: 25 мин.
Феноменот на heavy metal во Словенија има свои светли моменти, а еден од нив е секако легендарниот Metal Camp во словенечкото гратче Толмин, каде секоја година се собираат 15.000 metalheads кои доаѓаат од сите страни во “конзервативниот” Толмин и остануваат на т.н. Метал одмор. Новинарот Јанез како објективен набљудувач разговара и со “Едните “и со “Другите”, оставајќи ни простор самите да заклучиме.
____________________________________________________________________________
ETERNAL STUDENT / (2009)
Режија: Синиша Гачиќ
Земја: Словенија, Времетраење: 30 мин.
Најзначајното underground радио во Словенија, кое со својата програма и пристап бескомпромисно ги поместува границите и за 40 години профилира бројна публика на сечие задоволство. Филмот е богато документиран портрет и приказ на една од ретките радио станици во овој дел од Европа која високо кренатото знаме и средниот прст не го спушта ни за милиметар веќе импресивно долго време. Им се придружуваме на честитките и им посакуваме уште многу добри емисии и програми.
____________________________________________________________________________
SEVDAH / (2009)
Режија: Марина Андре Шкоп
Земја: Босна и Херцеговина, Времетраење: 66 мин.
Фестивали: Сараево Филм Фестивал
Некои го нарекуваат босански блуз, но севдах е многу повеќе од тоа. Севдах е чувствување на животот обоен со меланхолија, копнеж и убава тага, кој во Босна се изнесува преку традиционалната песна –севдалинка. Музичкиот автор, изведувач и истражувач Дамир Имамовиќ и режисерката на филмот Марина Шкоп ги споила смртта на нивната пријателка, стравствен љубител на севдахот, Фарах. Обидувајќи се да се соочат со сопствената загуба и тага, создадоа филм за севдах и го обликуваа како емотивно, музичко, лирско и визуелно патување низ душата на Босна, низ своите чувства и сеќавања.
____________________________________________________________________________
ETERNAL CHILDREN / (2006)
Режија: Дејвид Клеијвет
Земја: Холандија, Времетраење: 70 мин.
Група музичари пред десетина години се спријателува во Њујорк, споени од љубовта и чувството на припаѓање кон “Заедничка работа”. Иако беа на маргините, но трпеливо и сигурно Anthony&The Johnsons, CocoRosie i Devendra Banhart го освоија светот. Под свои услови и во свој стил. Овој филм ги прикажува во шарениот свет каде што припаѓаат, со своите пријатели и обожававатели. Филмот содржи досега необјавени снимки, откачени интервјуа и настапи во живо.
____________________________________________________________________________
LOW YOU MAY NEED A MURDER / (2008)
Режија: Дејвид Клеијвет
Земја: Холандија, Времетраење: 70 мин.
Портрет на тричлената група “Low”, поставен во амбиентот на модерна Америка за која сите имаме толку поделени мислења. Групата ја сочинуваат брачен пар, инаку Мормони, Alan Sparhawk и Mimi Parker, а бројните обожаватели и култниот статус го стекнале со своите прекрасни спори песни. Во филмот дознаваме за нивните ставови за религијата, насилството, свеста за “Другите” и лудилото. Иако во суштина се работи за една трогателна и суптилна љубовна приказна. Филмот има учествувано на бројни фестивали, Барцелона, Торонто, Лондон…
____________________________________________________________________________
|