
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал
____________________________
Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија
____________________________
Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств
|
 |
|
COMPETITION / НАТПРЕВАР
Почитувани,
Победник на овогодинешниот натпревар на едноминутни филмови е филмот со наслов "13" на авторите: Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Ристев
Им благодариме на сите натпреварувачи за учеството.
_____________________________________________________________________________
Сонувате да направите филм?
Сонувате вашиот филм да биде на фестивал? НАПРАВЕТЕ ФИЛМ И ИСПРАТЕТЕ НИ ГО _____________________________________________________________________________
Што е едноминутен филм?
Постојат многу веб-страници и публикации со различни објаснувања за тоа како се снима филм, за кои сметавме дека се премногу сериозни. Она што е најважно да се направи едноминутен филм е само да се земе камера или мобилен и да се снима.
ШТО? Она што го бараме не е да се направи епски филм со извонредно сценарио. Одлична фотографија - не е пресудно. Талентирани актери - ниту тоа. Можеби сакате да направите филм снимајќи го вашето куче како си игра... Тоа е одлична идеја. Постојат правила за тоа како треба да се направи едноминутниот филм, но тие не се однесувааат на тоа како треба да снимате или колку сте добри со камерата. Ова не е таков натпревар. Ние само сакаме да видиме што знаете вие да направите.
ТЕМА на конкурсот “13”
КАКО?
Можете да користите: - мобилен телефон - домашна видео камера - дигитална камера - флеш програма за да направите анимиран филм Она што треба да го знаете е дека, со дигиталните камери може да снимате аудио и видео по неколку минути. Исто така филмот кој ќе го снимите со соодветна програма може да го монтирате на вашето PC. Доколку ја имате основната опрема, можете да се обидете.
Како да направите едноминутен филм:
1. Немојте да ставате премногу работи во една минута.
Едноставно е добро. Колку навистина можете да кажете во една минута? Многу, доколку знаете како да го направите тоа. Воопшто не бараме некоја епска сага преполна со детали. На пример: Доколку го поделите филмот на 12 сцени, а секоја трае по 5 секунди, колку мислите дека може да кажете за толку малку време.
2. Филмски жанрови
Уф, ги има многу, а можете и да си измислите свој. Научна фантастика, хорор, уметнички, драма, трагедија, комедија, или двете, а може да биде и документарен или пак акционен... Одлучете сами.
3. Структура од 3 дела
Дури и ако раскажувате некоја многу едноставна приказна, таа мора да има добар почеток, средина и крај. На пример, замислете дека правите едноминутен филм кој се вика “Најдобриот пријател на човекот“. Првите 20 секунди можат да бидат само слики од загубено куче. Во следните 20 секунди може да има луѓе кои го бараат кучето. Последните 20 секунди се најнеизвесните: детето и кучето се сретнуваат (Хаппѕ ендинг), или детето останува само без кучето, или кучето размислува каде е детето.... Браво! Направивте филм! Бидете многу покреативни од примеров :-)
4. Употребете го она што е околу вас
Доколку немате “дебели“ врски во телевизија, шансите да имате свој филмски сет се многу мали. Најдобро е да го употребите она што е околу вас. Доколку работите во канцеларија, токму таа може да биде вашата сценографија. Се` што е околу вас, може да биде искористено за вашиот филм.
5. Немате приказна?
Доколку немате инспирација за било каква приказна не е толку страшно. Никој нема да ви забележи и доколку направите само монтажа од слики. Дури и од самите слики може да излезе некаква приказна.
ВАШИТЕ ФИЛМОВИ праќајте ги во Наше Маало, К.Ј.Питу 34/1, 1000 Скопје со назнака За едноминутен филм Најдоцна до 15.04.2010
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ставете наслов на филмот
Сите формати на едно-минутниот филм.
Пред да започнете со снимањето на едно-минутниот филм, одлучете во кој формат ќе биде тој и проверете дали ние би го прифатиле.
Филмови на CD: Доколку ни пратите филм на CD-Rom или DVD тие не смеат да бидат компресирани (60 секунди не компресиран материјал на аудио и видео е во големина од околу 220Мb - доколку вашиот филм е помеѓу 1-20 Mbs, и е компресиран, ние нема да бидеме во можност да го емитуваме истиот.) и да бидат во некој од следниве формати:
- некомпресиран avi фајл
- некомпресиран mov фајл
- доколку е Флеш филм, swf фајл не поголем од 400к, со димензии кои не се поголеми од 660 X 470. Сите флеш фајлови мораат да имаат прилоадер.
Филмови на касета:
- VHS
- Mini DV
- DV Cam
- Бетацам СП
Сега знаете како да го направите тоа, Ви посакуваме многу среќа. |