
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал
____________________________
Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија
____________________________
Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств |
 |
|
Главна програма | Special screening | Програма на авторски филм |
Short films | Музички документарни филмови | Ретроспектива | Настани
RETROSPECTIVE / РЕТРОСПЕКТИВА
(90 години од раѓањето на Федерико Фелини)
LA CITTA DELLE DONNE / ГРАДОТ НА ЖЕНИТЕ (1979)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Марчело Мастројани, Ана Прукнал, Бернис Стиџерс
Земја: Италија, Времетраење: 139 мин.
Во карактеристичните комбинации на Фелини, нејасна, невидена и уметничка метафорика, Марчело Мастројани го игра ликот на човек кој патува низ машкиот и женскиот простор преку соочување со својот однос со споствената жена и жените воопшто. Снапораз е сексуално напален средовечен бизнисмен, кој следи убаво облечена привлечна жена од возот до шумата. Длабоко во шумата, тој наидува на неверојатен хотел во кој група жени оддржуваат меѓународен милитатнтен феминистички состанок. Како едиснтвен примерок на машкиот род, тој е малтретиран и оцрнет. Пред да биде сериозно злоупотребен, Снапораз е киднапиран од една моторџика. Во моментот кога машкуданката сака сексуално да го напаствува, таа е прекината од нејзината мила мајка. Заробен во далечен свет во кој доминираат жените, Снапораз има серија од надреални случки додека тој ги преживува своите сексуални желби и се соочува со долго потиснуваните стравови.
IL CASANOVA DI FEDERICO FELLINI / КАЗАНОВА (1976)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Доналд Сатерленд, Тина Омон, Сисили Браун, Кармен Скарпита
Земја: Италија, Времетраење: 160 мин.
Фестивали: Оскар за костимографија
„Казанова на Фелини“, адаптација на автобиографијата на Џакомо Казанова, авантурист и писател од 18-от век. Снимен целосно во студијата на Чинечита-филмското студио во Рим, филмот доби Оскар за костимографија.
Карневалот во Венеција е увертира во серијалот еротски средби кои го следат Џакомо Казанова низ градовите на Европа во 18 век. Тоа е времето на Волтер, на сексуалното и интелектуално будење. Животот на Казанова станува бизарно патување во сексуалниот самозаборав. Секоја длабока емоција или страст е затемнета со чудна ситуација. Во Венеција, тој “осквернавува“ лажна калуѓерка за задоволување на еден воајер, во Парис тој настојува низ општење да преобрази возрасна жена во маж, во Дрезден, неговото тело е столчено од две крупни жени и една наказа.
GIULIETTA DEGLI SPIRITI / ЏУЛИЕТА И ДУХОВИТЕ (1965)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Џулиета Масина, Сандра Мило, Марио Пису, Валентина Кортезе
Земја: Италија, Времетраење: 137 мин.
Восхитувачка, визуелно инвентивна имагинација на „Џулиета и духовите“ раскажува за досадата на една италијанска домаќинка (Џулиета Масина), која наоѓа олеснување од секојдневието и нејзиниот неверен сопруг (Марио Пису), низ сензуално бегство во спиритуалното кралство. Како што Џулиета минува се повеќе време со нејзиниот копнеж, таа полека стекнува повеќе независност. Првиот филм на Фелини во боја е прилично сензационален спектакл кој ги остварува повеќето од неговите извонредни хипотези. Обоен со јасни бои и еротизам, „Џулиета и духовите“ го става визуелното над наративното, сонот над реалноста.
LA DOLCE VITA / СЛАДОК ЖИВОТ (1960)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Марчело Мастројани, Анита Екберг, Анук Еме, Ивон Фурно
Земја: Италија, Времетраење: 180 мин.
Фестивали: Оскар за костимографија
Тричасовно ремек-дело на Фелини, кое го прикажува пропаѓањето на еден човек во „слаткиот живот“ на развратот. Марчело Мастројани го глуми ексцентричниот новинар Марчело Рубини. кој е на задача да води белешки за животите на богатите и познати италијански аристократи, во озборувачката колумна во еден весник, Марчело оди на забави каде се среќава со различни убави, екстравагантни луѓе. Филмот ги следи убавите и неубавите момети на Марчело, на епизоден начин, во кој секоја вечер е нова приказна, нова авантура, нов предизвик, нова жена. Зачинето со религиозни слики и знаци на спасение, „Сладок живот“ е ненадминат во убавината на сеопфатниот симболизам кој е изразен преку раскошните сетови, привлечното сценарио, пренагласените физички движења, турбулентната џез музика и неконтролираните емоции.
IL BIDONE / ПРОБИСВЕТ (1955)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Бродерик Крафорд, Џулиета Месина, Ричард Бејсхарт, Франко Фабрици
Земја: Италија, Времетраење: 100 мин.
Фестивали: Венеција - номинација за Златен лав
Филмот „Пробисвет“ следи по филмот на Фелини - „Улица“. Второто поглавје од „трилогијата на осаменоста“ (помеѓу „Улица“ и „Ноќите со Кабириа“), филмска драма со комични елементи за животот на криминалците, проститутките и отпадниците. Портрет на една банда измамници кои ги ограбуваат сиромашните и неуки селани. Иако комичен на моменти, овој филм силно ги отсликува карактерите кои премногу доцна во животот ја сфаќаат бесмисленоста на своите постапки.
LO SCEICCO BIANKO / БЕЛИОТ ШЕИК (1952)
Режија: Федерико Фелини
Улоги: Алберто Сорди, Брунела Бово, Леополдо Триесте, Џулиета Месина
Земја: Италија, Времетраење: 83 мин.
Млад брачен пар од провинциско градче, Ванда и Иван, патуваат во Рим на нивниот меден месец. Кога пристигнуваат, срамежливата невеста го открива гламурот, авантурата и романсата-но за жал, не со нејзиниот сопруг. Ванда е опседната со „Белиот шеик“ (Алберто Сорди), херојот на сапунските опери, кога го здогледува нејзиниот херој на фотографија снимена во Вечниот град. Таа и тргнува да го пронајде, оставајќи го својот сопруг во паника, кој пак се труди се да го сокрие исчезнувањето на својата сопруга од своите простодушни роднини кои ги чекаат за заедничка посета на Папата. И овој импресивен подвиг наскоро ќе го испреврти нејзиниот сензибилен свет.
|