
Публиката го избра филмот "SOUL KITCHEN" (СОУЛ КУЈНА) на режисерот Фатих Акин за најдобар филм на тринаесеттото издание на Скопскиот филмски фестивал
____________________________
Победник во конкуренција на Балкански кратки филмови е филмот "ОNE"(ЕДЕН) на режисерот Вардан Тозија
____________________________
Победник на натпреварот на едноминутни филмови е филмот "13" на авторите:
Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Риств |







 |
|
Главна програма | Special screening | Програма на авторски филм |
Short films | Музички документарни филмови | Ретроспектива | Настани
SPECIAL SCREENING / СПЕЦИЈАЛНИ ПРОЕКЦИИ
THE TIME THAT REMAINS / ВРЕМЕТО ШТО ПРЕОСТАНУВА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Елиа Сулејман
Улоги: Елиа Сулејман, Али Сулиман, Салех Бакри
Земја: Велика Британија-Италија-Белгија, Времетраење: 109 мин.
Фестивали: Cannes Film Festival, Nominated for Golden Palm
Замислете си филм што го опишува животот и маките на Палестинците кои се окарактеризирани како “Израелски Арапи“, додека живеат како малцинство во својата татковина. Сега замислете дека станува збор за комедија. Оваа контрадикција, која е напишана, режирана и одглумена од страна на Елиа Сулејман,претставува една прекрасна фузија на политиката и личноста, на историјата и хистеријата. Дејствието се случува од 1948 година па наваму, филмот го следи животот на едно обично семејство во необични времиња. Неговата перспектива е длабоко локална и целосно меѓународна, целосно ригорозна и комична. Сулејман ги комбинира апсурдните портрети и живописната сценографија како во филмовите на Жак Тати, комбинирајќи потресни моменти на семејна интимност со сцени на насилство од Израелците. Мајсторски режиран, филмот се расправа со политичката историја без притоа да се впушти во политиката.
____________________________________________________________________________
DISTRICT 9 / ОДДЕЛ 9 (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Неил Бломкамп
Улоги: Шарлто Копли, Дејвид Џејмс, Ванеса Холивуд
Земја: САД-Нов Зеланд, Времетраење: 111 мин.
Фестивали: Academy Awards, Nominated for Best Motion Picture
“Оддел 9” е СФ драма продуцирана од Питер Џексон, режисерот на серијалот “Господар на прстените”. Филмот веднаш стана голем хит во Америка. Направен е во документарна форма, исклучително добар и шокантен филм за гледање. НЛО се појавува на небото над Јоханесбург, Јужна Африка. Како бегалци, тие доаѓаат на Земјата и започнуваат соживот со луѓето. По 28 години нивниот заеднички оддел за живеење “Одделот 9“ се претвора во гето. Затоа, Викус (Шарлтон Копли), агент на меѓународниот орган МНУ, се обидува да изведе присилно иселување во концентрационите кампови. Додека се шета низ одделот и ги информира сите за налогот за иселување, тој без свое знаење прави еден голем инцидент кој ќе ја промени историјата на човештвото и на вонземјаните.
____________________________________________________________________________
MARY AND MAX / МЕРИ И МАКС (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Адам Елиот
Гласови: Тони Колет, Филип Сејмур Хофман, Ерик Бана
Земја: Австралија, Времетраење: 92 мин.
Фестивали: Berlin International Film Festival, Won Crystal Bear
“Мери и Макс” е уникатна приказна. Глинената анимација на освојувачот на Оскар, режисерот Адам Елиот (Харви Крампет) раскажува една повеќе годишна релација на допишување со писма помеѓу двајца различни луѓе: Мери Динкл, едно полничко, осамено осумгодишно девојче од предградијата на Мелбурн и Макс Хоровиц, четириесет и четиригодишен Евреин, кој е многу дебел, страда од Асперџер синдромот и живее во изолација во Њујорк. Филмот е триумф на емоцијата, досетливоста и ексцентричноста - едно целосно уживање. Способноста на анимацијата да ја прикаже комплексноста на животот никогаш порано не била апсорбирана на начинот на кој што тоа го прави овој австралиски режисер. Тој прави да заборавите што гледате. Оваа желба за прифаќање и љубов додека ја живееме болната егзистенција е маестрално раскажана од Бери Хемфрис и доловена со гласовите на Филип С. Хофман и Тони Колет. Филмот се занимава со теми за другарството, аутизмот, таксидермијата, психијатријата, алкохолизмот, од каде доаѓаат бебињата, дебелината, клептоманијата, довербата, сексуалните и религиозните различности, агорафобијата.
____________________________________________________________________________
A MATTER OF SIZE / ПРАШАЊЕ НА ГОЛЕМИНА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Ерез Тадмор, Шарон Мајмон
Улоги: Ицик Коен, Ирит Каплан, Двир Бенедек
Земја: Израел-Франција-Германија, Времетраење: 92 мин.
Фестивали: Alpe d’Huez International Comedy Film Festival, Grand Prix
Во израелскиот град Рамли живеат четворица пријатели со прекумерна тежина на кои диетите им се преку глава. Кога Херцл (155 кила) ќе ја загуби работата на готвач, ќе почне да работи како мијач на садови во јапонски ресторан, таму тој го открива светот на сумо борачите. Преку Китано (60 кила), бивш тренер на сумо борење, Херцл се вљубува во тој спорт „со двајца дебелковци во пелени со фризури за девојчиња“. Додека тренира ја открива душата на сумото, сфаќајќи дека љубовта и успехот доаѓаат само ако си доследен кон себе си. Ова е комедија за самоспознавање од поинаков вид – оној во кој луѓето со прекумерна тежина учат да се прифатат себе си.
____________________________________________________________________________
COCO BEFORE CHANEL / КОКО ПРЕД ШАНЕЛ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Ен Фонтејн
Улоги: Одри Тату, Беноа Пулворде, Алесандро Нивола
Земја: Франција, Времетраење: 105 мин.
Фестивали: Academy Awards, Nominated for Оscar

Филмот се осврнува на раниот период од животот на модната икона Коко Шанел и го раскажува периодот пред нејзината империја. Од скромните почетоци, Габриел “Коко“ Шанел го следела нејзиното срце во потрага по љубовта (колку и да е таа турбулентна) и уметноста.
Од кабаре изведувач до тивок бунтовник, Одри Тату грациозно ја отелотворува воздржаната куртизана и гениј во зародиш која одбива да се покори и е одлучна да успее. Динамичниот кастинг го дополнуваат Беноа Пулворде, Етиен Балсан и Алесандро Нивола, неговиот британски колега.Филмот е празник за очите. Ја доловува тогашната мода до чиста перфекција. Фонтејн која се јавува во улога на сценарист и режисер дава слика на еден елегантен и влијателен портрет на модерна жена чија лична потрага по слободата и стилот ја дефинираат и ја прават бесмртна.
____________________________________________________________________________
THE MESSENGER / ГЛАСНИКОТ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Орен Муверман
Улоги: Бен Фостер, Вуди Харлсон, Саманта Мортон
Земја: САД, Времетраење: 105 мин.
Фестивали: Academy Awards, Nominated for Оscar

”Гласник” е моќна и нежна приказна за воениот херој, Вил, (Б.Фостер) кој се враќа дома од мисијата во Ирак и ги прави првите чекори кон нормалниот живот. Назначен е во Воената служба за нотификација на жртвите, заедно со офицерот Тони Стоун (В.Харелсон) им ги соопштува лошите вести на семејствата на загинатите војници. Вил се соочува со предизвикот да ја комплетира својата мисија додека се обидува да најде утеха и заздравување на домашниот фронт. Кога ќе почувствува привлечност кон Оливиа (С.Мортон), на која само што и ја кажува веста за смртта на нејзиниот маж, емотивната одвоеност на Вил почнува да се раствора и филмот се претвора во изненадувачки хумористичен и потресен портрет за еден човек, за неговата тага, другарството и опстанокот. Преку моќните изведби на Фостер, Харлсон и Мортон, како и брилијантната режија на Мувермен, филмот не внесува во внатрешниот живот на навидум челичните херои за да ни ја открие нивната кршливост кога се работи за сочувство или за достоинство.
____________________________________________________________________________
SOUL KITCHEN / СОУЛ КУЈНА (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Фатих Акин
Улоги: Адам Буздокус, Бирол Унел
Земја: Германија, Времетраење: 99 мин.
Фестивали: Venice Film Festival, Won Special Jury Prize

За разлика од претходните два филма на германскиот режисер Ф. Акин кои обработуваа теми од реалниот живот, неговиот нов филм е комедија, режиран со истата сила и самодоверба. Акин ја поставува својата сторија динамично, преполна со смешни, бизарни ликови и ситуации. Зинос Казанцакис (Адам Буздокус) ја води Соул кујната, еден огромен склад каде што храната можеби е спектакуларно лоша, но сепак може да се јаде. Постојаните муштерии се појавуваат секој ден да вечераат и да се напијат евтино пиво. Готвачот прави чуда од најобични состојки и постојано ги шокира муштериите. Еден ден ден меша некаков афродизијак од Перу во јадењето и се се менува. Започнува забава со баханалии.
____________________________________________________________________________
ALIVE! / ЖИВ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Артан Минароли
Улоги: Ени Цани, Бесарт Калаку, Бруно Шлаку
Земја: Албанија, Времетраење: 90 мин.
Дваесет и двегодишниот Коли студира на Универзитетот во Тирана. Кога дознава за смртта на татко му, се враќа во родното село за да присуствува на погребот. За време на една прошетка, некој се обидува да го застрела. Шокиран, младиот човек дознава дека е жртва на крвна одмазда што ја иницирал неговиот дедо пред шеесетина години. Оди да се запознае со семејството, на кое според обичаите му го должи својот живот. Така се среќава со убиецот што му го предодредила судбината. Далеку од неговата урбана средина, Коли одненадеж се наоѓа во прастар свет со немилосрдни обичаи, од кои не може да се оттргне дури и по враќањето во Тирана.
____________________________________________________________________________
DONKEY / МАГАРЕ (2009) >>> ТРЕЈЛЕР <<<
Режија: Антонио Нуиќ
Улоги: Небојша Глоговац, Наташа Јаниќ, Љубо Капор
Земја: Хрватска - Босна и Херцеговина, Времетраење: 90 мин.
Фестивали: Pula Film Festival, Won Golden Arena
Вториот филм на Антонио Нуиќ, “Магаре”, се одвива во август 1995 година, летото кога се случува воената операцијата “Бура”. Боро со сопругата и синот после 7 години оди во родното село Дриновци во Херцеговина за да се види со братот кој со семејството успеал да го напушти Сараево. Боро постојано се расправа со жена му и воопшто не разговара со татко му, кого го обвинува за мајчината смрт. За тие две недели, Боро ќе ја реши долгогодишната караница со татко му, ќе научи како да биде подобар татко и сопруг и во сето тоа едно магаре ќе одигра значајна улога.
____________________________________________________________________________
|