натпревар на едноминутни филмови | програма | распоред | спонзори | превземања | галерија | контакт |      

   
 

Почитувани, Ве известуваме дека поради технички проблеми направена е измена во програмата, со тоа што на местото на филот "Ветувања од исток" ќе се прикажува филмот "Спајдервик" и на место филмот "Сукијаки вестерн џанго", ќе се прикажува филмот "Хотел Тиволи". Се извинуваме поради настанатите измени.    

 
 
   
 
   06.04.2008, 22h Ноќен клуб "Миднајт": Голема журка за затворање на фестивалот
 
  
 
     
     
     
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
   
 


 

 
 


design: apostol tnokovski

 
     
     
 


ПРОГЛАСЕНИ СЕ ПОБЕДНИЦИТЕ НА НАТПРЕВАРОТ НА ЕДНОМИНУТНИ ФИЛМОВИ !!!

Победник од жири е филмот
:
Телепатија (код: SFF 009)
Стуки

Победник по пат на СМС гласање е филмот:
Е (код: SFF 006)
CRE8IVE8

Погледнете ги и останатите филмови:
(Кликнете на линковите за да ги погледнете филмовите)

Контакт (код: SFF 001)
Атанас Веловски

Битола 1900 - 2007 (код: SFF 002)
Наде Геневска – Бранчиќ

Согласник (код: SFF 003)
Љубиша Камењаров

На линија (код: SFF 004)
Димитар и Леонора Грчеви

One day (код: SFF 005)
Мице Чаповски

 Танцува со мечките (код: SFF 007)
Spin Monster

Погледи (код: SFF 008)
Анета Алтанџиева, Кирил Максимовски

The Mother (код: SFF 010)
Драгана Заревска

Малиот уметник (код: SFF 011)
Весна Пешевска

ТВ Свирачиња 2 (код: SFF 012)
Ѓорѓе Јовановиќ

Смрт (код: SFF 013)
Бојан Тантуровски

“Me and my ego – trying to communicate” (код: SFF 014)
Кристина Божурска

“Enter” (код: S
FF 015)
Дарко Наумовски, Александар Стојановски - Цули

“Студен допир” (код: S
FF 016)
Дејан С. Џолев

“Умрен од љубов” (код: S
FF 017)
непознат автор

“Медитација” (код: S
FF 018)
Димитар Банов

“Зошто” (код: S
FF 019)
Петре Чаповски

“This must be some kind of missunderstainding” (код: S
FF 020)
Мартин Георгиевски

“Загуба” (код: S
FF 021)
Елена Стефановска

“Нашата комуникација со часовникот” (код: S
FF 022)
Драган Георгиевски

“Hello, hello” (код: S
FF 023)
Ј.Д. Д.М. И.К.

“Јаболки” (код: S
FF 024)
Стефан Николовски

“28 корисни примери за комуникација со ближниот себе” (код: S
FF 025
Владимир Лукаш

КАКО ДА ГЛАСАТЕ ЗА ВАШИОТ ОМИЛЕН ЕДНОМИНУТЕН ФИЛМ?

Погледнете ја селекцијата на едноминутните филмови пред секоја проекција во кино милениум, кино рамстор 1 и 2 и на веб страните: www.skopjefilmfestival.com.mk
www.vip.com.mk

Секој едноминутен филм има свој наслов и код.

Пратете смс на бројот 14747 со содржина СФФ и кодот на вашиот фаворит.

ЗАЕДНО ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРИОТ ЕДНОМИНУТЕН ФИЛМ!

Победниците од натпреварот на едноминутни филмови ќе бидат прогласени на 05.04 (сабота), 17:00h во Арт Кафе - Мала Станица



Сонувате да направите филм?
Сонувате вашиот филм да биде на фестивал?
НАПРАВЕТЕ ФИЛМ И ИСПРАТЕТЕ НИ ГО
_______________________________________________________

Што е едноминутен филм?
Постојат многу веб-страници и публикации со различни објаснувања за тоа како се снима филм, за кои сметавме дека се премногу сериозни. Она што е најважно да се направи едноминутен филм е само да се земе камера или мобилен и да се снима.

ШТО?
Она што го бараме не е да се направи епски филм со извонредно сценарио. Одлична фотографија
- не е пресудно. Талентирани актери - ниту тоа. Можеби сакате да направите филм снимајќи го вашето куче како си игра... Тоа е одлична идеја. Постојат правила за тоа како треба да се направи едноминутниот филм, но тие не се однесувааат на тоа како треба да снимате или колку сте добри со камерата. Ова не е таков натпревар. Ние само сакаме да видиме што знаете вие да направите.

ТЕМА на конкурсот КОМУНИКАЦИИ

КАКО?
Можете да користите:
-
мобилен телефон
-
домашна видео камера
- дигитална камера
-
флеш програма за да
 направите анимиран
 филм

Она што треба да го знаете е дека, со дигиталните камери може да снимате аудио и видео по неколку минути. Исто така филмот кој ќе го снимите со соодветна програма може да го монтирате на вашето PC. Доколку ја имате основната опрема, можете да се обидете.

Како да направите едноминутен филм:

1. Немојте да ставате премногу работи во една минута.
Едноставно е добро. Колку навистина можете да кажете во една минута? Многу, доколку знаете како да го направите тоа. Воопшто не бараме некоја епска  сага преполна со детали. На пример: Доколку го поделите филмот на 12 сцени, а секоја трае по 5 секунди, колку мислите дека може да кажете за толку малку време.

2. Филмски жанрови
Уф, ги има многу, а можете и да си измислите свој. Научна фантастика, хорор, уметнички, драма, трагедија, комедија, или двете, а може да биде и документарен или пак акционен...  Одлучете сами.

3. Структура од 3 дела
Дури и ако раскажувате некоја многу едноставна приказна, таа мора да има добар почеток, средина и крај. На пример, замислете дека правите едноминутен филм кој се вика  “Најдобриот пријател на човекот“. Првите 20 секунди можат да бидат само слики од загубено куче. Во следните 20 секунди може да има луѓе кои го бараат кучето. Последните 20 секунди се најнеизвесните: детето и кучето се сретнуваат (Хаппѕ ендинг), или  детето останува само без кучето, или кучето размислува каде е детето.... Браво! Направивте филм! Бидете многу покреативни од примеров :-)

4. Употребете го она што е околу вас
Доколку немате “дебели“ врски во телевизија, шансите да имате свој филмски сет се многу мали. Најдобро е да го употребите она што е околу вас. Доколку работите во канцеларија, токму таа може да биде вашата сценографија. Се` што е околу вас, може да биде искористено за вашиот филм.

5. Немате приказна?
Доколку немате инспирација за било каква приказна не е толку страшно. Никој нема да ви забележи и доколку направите само монтажа од слики. Дури и од самите слики може да излезе некаква приказна.

 
 


ВАШИТЕ ФИЛМОВИ праќајте ги во Наше Маало, К.Ј.Питу 34/1,
1000 Скопје со назнака За едноминутен филм или
директно во Арт Кафе - Мала Станица или Кинотека на Македонија
Најдоцна до 28.03.2008
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ставете наслов на филмот

 

 
 


Сите формати на едно-минутниот филм.

Пред да започнете со снимањето на едно-минутниот филм, одлучете во кој формат ќе биде тој и проверете дали ние би го прифатиле.

Филмови на CD: Доколку ни пратите филм на CD-Rom или DVD тие не смеат да бидат компресирани (60 секунди не компресиран материјал на аудио и видео е во големина од околу 220Мb - доколку вашиот филм е помеѓу 1-20 Mbs, и е компресиран, ние нема да бидеме во можност да го емитуваме истиот.) и да бидат во некој од следниве формати:
-    некомпресиран avi фајл
-    некомпресиран mov фајл
-    доколку е Флеш филм, swf фајл не поголем од 400к, со димензии кои не се поголеми од 660 X 470. Сите флеш фајлови мораат да имаат прилоадер.

Филмови на касета:
-
    VHS
-
    Mini DV
-
    DV Cam
-
    Бетацам СП

Сега знаете како да го направите тоа, Ви посакуваме многу среќа.

 
     
 
Скопје Филм Фестивал 2008