РЕТРОСПЕКТИВА ПЕДРО АЛМОДОВАР

Педро Алмодовар е еден од најценетите филмски режисери во светот, добитник на „Оскар“ чии филмови станале столбови на Канскиот филмски фестивал и режисер способен да го привлече речиси секој талент што го посакал, наспроти тоа што никогаш не направил филм на англиски говорен јазик.

Неговите филмови од многу критичари се опишани како најконтроверзни во целата шпанска кинематографија, исто како и што се најшироко светски признаени кинематографски остварувања на периодот по Франко.

Најголемо значење како режисер Алмодовар добива за време на периодот „Мовида“. По смртта на Франциско Франко во 1975 година, Педро е еден од многуте млади режисери во Франција што ќе ја искористат новостекнатата слобода што се појавува во општеството. Неговиот прв долгометражен игран филм „Пепи, Луци, Бом и другите девојки како мама“ (1980) чие сценарио го напишал исто тој, ја истражува панк-рок сцената во Мадрид во годините по смртта на Франко. Филмот, кој очигледно е комедија, исто така вклучува теми како силување, корупција и одмазда. По неколкуте други рани напори, Алмодовар напишал сценарија и режирал серија филмови во кои игра Антонио Бандерас. Првите два филма, „Матадор“ (1986) и „Законот на желбата“ (1987), се за вкрстувањето на насилството и сексуалната желба. Вртоглавата фарса наречена „Жени на работ на нервен слом“ (1988) стекнува светска слава, вклучувајќи ја и номинацијата на академијата за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Потоа следуваат „Врзи ме“ (1990) што привлече критики од групите за права на жените поради дејствието во кое ментално болен маж (го игра Бандерас) успешно ја убедува жената која ја киднапирал да се вљуби во него. „Живо месо“ (1997), кој е базиран врз романот на Рут Рендел и во кој се појавува Хавиер Бардем, ги испитува заплетканите последици од застрелување при несреќен случај.

Репутацијата на Алмодовар се издигна со „Сè за мојата мајка“ (1999), кој исто така го напиша. Филмот - горко-слатка сторија за потрагата на една жена по таткото на нејзиниот неодамна починат син – ја добива наградата на Академијата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и Алмодовар е награден како најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал. Слични успеси ниже и со емоционалниот филм „Зборувај со неа“ (2002) за кој зема „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио, покрај номинацијата за најдобар режисер. Алмодовар еден по друг ги режира „Лошо образование“ (2004) за сексуалната злоупотреба во Римската католичка црква, семејната драма „Враќање“ (2006) и „Скршени прегратки“, стилска вежба во филм ноар. По последните два филма игра Пенелопе Круз. По повеќе од 20 години, Алмодовар повторно соработува со Бандерас во филмот „Кожата во која живеам“ (2011), психолошки трилер за еден естетски хирург кој изведува експерименти врз жената што ја држи заточена. Пренагласената комедија со социјални елементи „Толку сум возбуден“ (2013) е сместена во авионот кој се подготвува за принудно слетување. Неговиот последен филм „Џулиета“ (2016) е негов дваесетти игран филм и е мелодрама која го испитува животот на една жена во над три децении. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ претскажа дека овој филм ќе биде во конкуренција за наградите на Филмската академија во 2017.

Со текот на времето, Алмодовар се стекна со репутација на пишување сценарија што се интригантни и слоевити во нарацијата и каде што основната нарација често содржи и целосно обработена микро-сторија. Покрај тоа, неговата работа ги претставува и историски потценетите ориентации и идентитети, вклучувајќи ги женската сексуалност, хомосексуалноста и транссексуалноста на неконвенционален начин кој им пркоси на табуата. Педро Алмодовар, кој често за себе изјавува дека е „женски режисер“, сосема верува во славењето на убавината и фасцинираноста со жените на големото платно. Повеќето негови филмови се окарактеризирани како дискриминаторски кон мажите, прикажани најмногу преку бројните натприродни и фалоцентрични машки карактери кои Педро ги користи во своите филмови. На него е гледано преку моќната динамика меѓу половите и бил критикуван за прикажување на силување во неговите дела исто како што бил и забележан како особено чувствителен при опишувањето на внатрешниот и надворешниот живот на жените.

МРАЧНИ НАВИКИ

МРАЧНИ НАВИКИ

Spain, 1983, 114min

Улоги/Cast: Cristina Sánchez Pascual, Julieta Serrano, Marisa Paredes, Carmen Maura, Chus Lampreave

ШТО СУМ НАПРАВИЛ ЗА ДА ГО ЗАСЛУЖАМ ОВА?

ШТО СУМ НАПРАВИЛ ЗА ДА ГО ЗАСЛУЖАМ ОВА?

Spain, 1985, 101 min

Улоги/Cast: Carmen Maura, Ángel de Andrés López, Verónica Forqué, Gonzalo Suarez

ЗАКОНОТ НА ЖЕЛБАТА

ЗАКОНОТ НА ЖЕЛБАТА

Spain, 1987, 102min

Улоги/Cast: Antonio Banderas, Carmen Maura, Eusebio Poncela, Miguel Molina, Rossy de Palma, Victoria Abril

ЖЕНИ НА РАБОТ НА НЕРВЕН СЛОМ

ЖЕНИ НА РАБОТ НА НЕРВЕН СЛОМ

Spain, 1988, 90min

Улоги/Cast: Carmen Maura, Antonio Banderas, Julieta Serrano, Rossy de Palma, María Barranco

КИКА

КИКА

Spain/France, 1994, 114min

Улоги/Cast: Verónica Forqué, Peter Coyote, Victoria Abril, Àlex Casanovas, Rossy de Palma, Charo López

ЦВЕТОТ НА МОЈАТА ТАЈНА

ЦВЕТОТ НА МОЈАТА ТАЈНА

Spain/France, 1995, 103min

Улоги/Cast: Marisa Paredes, Juan Echanove, Carme Elías, Rossy de Palma, Chus Lampreave

ЖИВО МЕСО

ЖИВО МЕСО

Spain/France, 1998, 103min

Улоги/Cast: Javier Bardem, Francesca Neri, Liberto Rabal

КОЖАТА ВО КОЈА ЖИВЕАМ

КОЖАТА ВО КОЈА ЖИВЕАМ

Spain, 2011, 120 min.

Улоги/Cast: Antonio Banderas, Elena Anaya, Marisa Paredes, Jan Cornet, Roberto Álamo

Сѐ ЗА МОЈАТА МАЈКА

Сѐ ЗА МОЈАТА МАЈКА

Spain/France, 1999, 104 min.

Улоги/Cast: Cecilia Roth, Marisa Paredes, Antonia San Juan, Penélope Cruz, Candela Peña