КОРСЕТ

КОРСЕТ

Храбрата и субверзивна костимирана драма на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор. Таа е идол на многумина заради нејзината убавина и е инспирација за модните трендови. Сиси го слави својот 40. роденден и мора да се бори за да го одржи својот јавен имиџ стегајќи го сè повеќе и повеќе корсетот. Нејзината улога е стриктно протоколарна, спротивно на нејзините желби, нејзината жед за знаење и желбата за живот ја прават да биде сè повеќе и повеќе вознемирена во Виена. Се чувствува осамено, здодевно и старо, му се спротивставува на сопругот, царот Франц Јозеф и се обидува да се повлече од јавниот живот наместо да носи превез на лицето, да се подвргнува на напорни физички вежби и да се се опседнува со тежината. Нејзината иднина се само церемонијални обврски, Елизабета се бунтува на ограничувањата на кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.
Сценаристката и режисерка Мари Кројц и нејзината женска екипа се придржуваат до историските записи за Сиси. Филмот избегнува величење херои, менувајќи го имиџот на „сентименталната Сиси“ како што е претставена во безброј филмови со жена која е многу повеќе од жртва на својот позлатен живот. Ова е студија за гневот, царицата на Кројцер има маани, нарцисоидна е и многу модерна и се прашува што ќе ѝ остане кога моќта поврзана со нејзината убавина ќе исчезне. Во конкуренцијата Un Certain Regard филмот ја освои Наградата за најдобра изведба, а на Сараево филм фестивал наградата за Најдобра женска улога.