понеделник, 05 септември 2022
КУМ: ВТОР ДЕЛ
Со испреплетени приказни што опфаќаат две генерации и со дејствие што се одвива на Сицилија, во Њујорк и Куба, „Кум: втор дел“ го истражува највпечатливото и најдисфункционално филмско семејство. Едната приказна го следи Роберт де Ниро како младиот Вито, кој за првпат се соочува со организираниот криминал и почнува да ги поставува темелите на династијата Корлеоне.
Другата приказна е продолжение на првиот филм, каде што Мајкл, кој го игра Ал Пачино, брутално се наметнува како дон што татко му не сакал да биде – се издига до врвот на моќта, го шири бизнисот и ги брише сите оние што му се испречуваат на патот. Насилството раѓа насилство, моќта минува од раце во раце и секој може да биде убиен во делото на Копола што ја обработува сивата зона меѓу љубовта и лојалноста, семејството и работата.
Крвта капе од генерација на генерација додека лакомиот Пачино ги наследува гревовите од татко му, на кои додава и свои.