понеделник, 05 септември 2022
МАРТИН МАРГИЕЛА: СО СВОИ ЗБОРОВИ
Портрет на Мартин Маргиела, кого модниот свет го сметаше за еден од најреволуционерните и највлијателни дизајнери во последните 30 години, недофатлив и енигматичен дизајнер чии револуционерни креации ја сменија модата, а тој остана целосно анонимен.
Филмот е интимен профил на Маргиела, кој од асистент на Жан Пол Готје стана креативен директор на Хермес, а потоа го основа својот бренд. Маргиела никогаш не се појави во јавноста, а сепак ја реобмисли модата со неговиот радикален стил повеќе од 20 години, со преку 41 провокативна колекција. За првпат модниот Бенкси ги открива своите цртежи, белешки и лични предмети и ни нуди ексклузивен увид во неговата визија и кариера. Во филмот има интервјуа со Жан Пол Готје, Карин Ротфилд, Лидевиј Еделкорт, модната критичарка Кети Хорин и модниот историчар Оливие Сајар. Музиката ја компонираше белгискиот рок бенд дЕУС.