ОФИЦИЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

ОФИЦИЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

Сатиричната комедија на аргентинските режисери Дупрат и Кон е приказ на креирање филм, брилијантно одигран од Антонио Бандерас и Пенелопе Круз, две икони на шпанскиот филм, и нуди интелигентен увид во суетите и илузиите на филмскиот бизнис. Бизнисмен милијардер, кој е во потрага по слава и општествен престиж, решава да сними уникатен, невиден филм дотогаш. За таа цел ги ангажира најдобрите: ѕвездена екипа составена од многу познат режисер и двајца популарни актери кои не само што се исклучително талентирани, туку имаат и огромно его. И двајцата се легенди, но не се најдобри пријатели. Сочинуваат брилијантен тим што не може да работи заедно. Режисерите Дупрат и Кон прават безмилосна сатира користејќи ги овие ликови, нивниот однос и ситуациите во коишто се наоѓаат за да потенцираат колку е комична филмската индустрија и притоа сурово ја исмеваат.