РИМИНИ

РИМИНИ

Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари и на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки. Не е баш лика и прилика на скап ескорт за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот. Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Сајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.