понеделник, 05 септември 2022
ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА
Добитникот на канската „Златна палма“ за најдобар филм во во 2022 година, филмот на Рубен Остлунд („Виша сила“, „Квадрат“) е урнебесна, пресмешна и брутална сатира за ултрабогатите и за ѕвездите на социјалните мрежи. Во светот на модата, познатата двојка на модели Карл и Јаја се поканети на луксузно крстарење за ултрабогати патници: руски олигарх, британски дилери на оружје, со капетан на брод кој е алкохоличар марксист.
Она што на почеток изгледа совршено за на Инстраграм завршува катастрофално, прво кога патниците ќе ги фати тешка морска болест за време на вечерата од седум оброци со капетанот – долга, хистерична сцена што ќе влезе во филмската историја, а потоа кога јахтата ќе потоне и тие ќе се најдат на пуст остров со група милијардери и една чистачка. Општествената хиерархија се менува, откривајќи го евтиниот и вулгарен однос меѓу моќта и убавината. Во борбата за опстанок, старите хиерархии исчезнуваат бидејќи чистачката е единствена што знае како да улови риба.
Амбициозен, див и без никаква воздржаност, „Триаголник на тагата“ заслужено го внесе Остлунд во малата групата на двојни добитници на „Златната палма“.