Дух во школка - Сунчица Уневска

Дух во школка - Сунчица Уневска

Промоција на новата книга со филмски рецензии на познатата новинарка и филмска критичарка, Сунчица Уневска, насловена „Дух во школка“. Ова е нејзина четврта книга, која се надоврзува на нејзината прва книга „Седмиот печат“ што беше посветена на интернационалните филмски дела видени низ тематска визура, поврзани според идејата и поентата. Втората книга „Македонска сага“ се фокусираше на македонските играни филмови, односно тоа е прва книга со рецензии која ги опфаќа сите македонски играни филмови продуцирани од осамостојувањето па сè до 2019 година, а третата книга донесе интервјуа со некои од најголемите филмски автори на денешнината, од кои на многумина тоа им беше, воопшто, прво и единствено интервју дадено за Македонија.

По цели шест години од првата книга, „Седмиот печат“ се осврнува на филмските дела од цел свет на истиот тој поинаков, есеистички начин, аналитички, суштествен, безвременски. Таа овде повторно се потпира на тематскиот избор, како во првата книга, што овозможува да се опфатат бројни вечни теми со кои човекот отсекогаш е преокупиран, сето тоа испреплетено и со актуелните теми што се обележје на денешното живеење. Затоа во изборот од 64 филмови, Уневска не се води од некаква хронологија, од времето од кое потекнуваат филмовите или од некои настани, напротив, единствениот критериум се темите за животот и за оние бесконечни прашања, што секогаш одново ги бараат вистинските одговори.

 

Книгата „Дух во школка“ е во издание на „Аквариус“, а поддржана е од Министерство за култура. Дизајнот на корицата е на Игор Манојловски, уредник е Ненад Гвозденовиќ.